Србија и Швајцарија меѓу можните ривали во баражот за СП

На патот кон своето евентуално деветто учество на мундијалите машката ракометна репрезентација на Македонија има 11 можни противници, од кои седум што завршија зад неа на тековното Европско првенство во Германија, и тоа Србија, Швајцарија, Романија, Босна и Херцеговина и дебитантите Грција, Фарски Острови и Грузија.



Другите четири можни ривали за баражот во мај, за кој ждрепката ќе се изврши во март, се победниците од мартовските двомечи меѓу Белгија и Италија, Естонија и Украина, Финска и Литванија, односно Словачка и Луксембург/Израел.

Бранителот на светската круна Норвешка, потоа Хрватска и Данска, како три соорганизатори на СП 2025, автоматски ќе бидат дел од планетарниот ракометен собир со 32 учесника, заедно со трите најдобри селекции од ЕП во Германија.