Со победата над Швајцарија од 29:27 во последното коло од групата А машката ракометна репрезентација на Македонија заврши на 17. место меѓу 24 учесници на Европското првенство во Германија.



Од третопласираните селекции во шесте групи зад „црвено-жолтите“, на 18. место, се пласира само дебитантот Грузија. Следуваат Србија на 19. место, Фарски Острови се 20., Швајцарија 21., Романија 22., Грција 23. и Босна и Херцеговина 24.

Пред Македонија од националните тимови што не ја поминаа прелиминарната група европскиот вицешампион Шпанија е 13., Црна Гора 14., Чешка 15. и Полска 16.

Најголем успех на македонските ракометари во досегашните осум учества на еврошампионатите е петтото место во Србија 2012, а најлош пласман 22. место на претходното ЕП 2022 во Унгарија и во Словачка.