„Не се отвораат градинки и училишта, не се промовираат книги, не се зборува за театар и култура, туку се зборува само за лотарии, казина и коцкање“ – алармира Европски сојуз. Според нив, за време на мандатот на Артан Груби се потрошиле 25 милиони евра за опрема и апарати за казино.
„Неодамнешните постапки докажуваат дека главен непријател на граѓаните, особено на Албанците, е дволичната политика на ДУИ. Со притисок на опозицијата и движењето „Anti-Bixhoz“ се донесе закон со кој казината ќе се обврзат да бидат на соодветна оддалеченост од училиштата. ДУИ истрча да земе заслуга за ова, дека наводно добро ја завршила работата, но и да се обиде да ја прикрие финтата што им ја прави на граѓаните. За каква дистанца зборува ДУИ, кога на точно 30 метри од местото каде што сме, зграда која со години беше универзитет, денеска е казино“ – велат од обединетата албанска опозиција.





