Околу 2,5 милиони луѓе имаат македонски пасоши, а на помалку од еден месец до стапувањето во сила на законот со кој се поништуваат личните документи со старото име на државата, Република Македонија, институциите ги разгледуваат законските опции за продолжување на нивната важност и по 12 февруари.



Досега, речиси половина од имателите на пасоши и лични карти се уште не успеале да ги заменат со документи со новото име „Република Северна Македонија“.

Според Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, до 31 декември 2023 година, околу 1 милион и 170 илјади граѓани се обезбедени со нови пасоши од повеќе од 1 милион и 800 илјади жители на државата.

Замената на пасошите е обврска што произлегува од договорот постигнат на 17 јуни 2018 година меѓу тогашната Македонија и Грција за промена на името.

Според овој Договор, македонските граѓани мора да ги променат личните карти, пасошите и возачките дозволи во рок од пет години од стапувањето во сила на уставните измени, а овој рок истекува во февруари 2024 година.

Имајќи ја предвид бавната динамика на издавање на овие документи, претседателот Стево Пендаровски излезе со предлог рокот да се одложи до есента годинава.

Но, за тоа да се случи потребна е согласност од грчката страна бидејќи се работи за билатерален договор.

Одложување на рокот побара и македонската опозиција. Таа оценува дека рокот треба да се одложи најмалку до 2027 година.

Во меѓувреме, премиерот ковачевски изјави дека сепак, од обврската за замена на личнбите документи до 12 февруари, ќе бидат изземени,  односно ќе продолжат да важат личните карти и возачките карти…