„Не прифаќам теза ако сте за Европска Унија, тогаш гласајте уставни измени. Тоа не’ изјави лидерот на ВМРО-ФПМНЕ во емисијата Анализа на ТВ 24
Како што рече, кога власта носела договори не ѝ беше важно што мисли ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени, но кога им требаат за уставни измени тогаш им е важно ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако тогаш го сослушавте ВМРО-ДПМНЕ, ние немаше да се најдеме во оваа ситуација, бидејќи ќе дојдеше нов предлог после францускиот“, рече Мицкоски.
„Сега важно ви е ВМРО-ДПМНЕ, но каде бевте кога ги носевте овие договори…
Тогаш сето тоа вие го изигнориравте, и сега наеднаш ви е важно ВМРО-ДПМНЕ. А, не најдовте ниту 5 минути да го сослушате ВМРО-ДПМНЕ, за да видевте што ВМРО-ДПМНЕ мисли, рече Мицкоски.






