Трамп растури на првите прелиминарни избори

 

Доналд Трамп ги надмина своите ривали во понеделникот со убедлива победа на републиканските претседателски прелиминарни избори во Ајова ,со што повторно ја потврди својата доминација во партијата.



Според проекциите, поранешниот американски претседател освоил минимум 20 електорски гласови од Ајова, а неговите противници, поранешната амбасадорка на САД во ОН Ники Хејли и гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, имаат седум, односно осум.

Убедлива победа на Трамп во Ајова ќе ја зајакне неговата позиција како единствениот републикански кандидат способен да го предизвика демократскиот претседател Џо Бајден, и покрај четирите кривични случаи со кои се соочува, а кои потенцијално би можеле да го претворат во осуденик пред изборите на 5 ноември.

И ДеСантис и Хејли се обидуваатѕ да го спречат немилосрдниот марш на Трамп кон републиканската номинација.