Од засега непознати причини македонското државно знаме е забрането на тенискиот турнир Австралија опен.
Според локални извори, македонското државно знаме е меѓу осумте знамиња кои нема да можат да се веат на тенискиот АТП турнир.
Покрај државното знаме, според официјалната забрана, не смее да се вее ниту знамето со сонцето од Кутлеш.
Меѓу другите забранети знамиња се и знамињата на Русија и Белорусија како агресори на Украина, знамињата на Израел и Палестина каде што се водат војни.
Забранети се и знамињата на Тајван и грчкото сино знаме со сонцето од Вергина.
Две од овие држави Тајван и Палестина не се признати од страна на Обединетите нации.






