Интересни ликови меѓу кандидатите за претседател од СДСМ

СДСМ има сериозни проблеми при кандидатурата за иден претседател на Македонија штом во партијата признаваат дека наместо автоматски кандидат да биде сегашниот претседател Пендаровски тие рамзилуваат за нов човек, покажуваат информациите од Бихаќка.



Како што дознава „Слободен печат“, досега во општинските организации на владеачката партија се евидентирани актуелниот претседател Стево Пендаровски, премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ, министрите Славјанка Петровска и Оливер Спасовски, потоа Радмила Шекеринска, Ѓорѓи Спасов, Бранко Црвенковски, Сашо Орданоски, Маргарита Цаца Николовска, Зоран Заев, Венко Филипче и Јован Митревски, актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ и иден претседател на Собранието кога ќе се формира техничката влада.

Од СДСМ за Слободен Печат брифираат дека сите имиња коишто ќе бидат евидентирани ќе бидат тестирани и преку анкети. Врз основа на анализите коишто ќе ги вклучат и резултатите од истражувањата на јавното мислење ќе биде донесена и финалната одлука.

Од весникот дознаваат дека СДСМ веќе тестира како стојат одредени кандидати меѓу граѓаните, а анкетите ќе продолжат да се спроведуваат. Интересно, меѓу имињата коишто се нашле на дел од внатрепартиските анкети кои ги прават социјалдемократите се и оние на Денко Малески и Ивон Величковски.