Мене ми пречи селективноста на премиерот, со едното око гледа што прави претседателот на синдикатот и му наоѓа семејни врски, дека татко му уште од времето бил во југословенска авијација и сл.
А, се прави дека не гледа дека снаата на Артан Груби, дека сестрата на Бујар Османи и дека два зетовци и еден син на Ејуп Алими и на Беким Незири се вработени во М-НАВ, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во емисијата на радио Лидер.
Има една хипокризија, додава тој, токму кај министрите од ДУИ, еве да кажеме Артан Груби и Бујар Османи, на едниот сестра, а на другиот снаа вработени во М-НАВ.
„Јас навистина се чудам зошто овие двајца министри не ги понудија своите најблиски да работат во фабриката за електрични автомобили во Тетово – запраша Милошоски.






