Филип Бридлав, поранешниот врховен командант на силите на НАТО во Европа, ги објави своите три сценарија за завршување на војната во Украина.
Две предвидуваат воен пораз на Украина.
„Ако не направиме ништо поразлично од она што го правиме сега, Украина на крајот ќе загуби бидејќи Русија има повеќе луѓе од Украина“, изјави тој за Newsweek.
„Ако Западот ја напушти, Украина ќе продолжи храбро да се бори, но десетици илјади Украинци ќе загинат и на крајот Русија ќе ја потчини цела Украина, која повторно ќе биде руски вазал“, рече тој.
Но, еден пат нуди надеж за Украина, според Бридлав, кој како командант на НАТО помеѓу 2013 и 2016 година беше сведок на последиците од анексијата на Крим од страна на Путин.
„Ако Западот одлучи да и го даде на Украина она што и треба да победи, Украина ќе победи во оваа војна“, рече генералот.
„Оваа војна ќе заврши токму онака како што западните креатори на политики сакаат да заврши“, вели тој.
Американскиот тинк-тенк Институт за проучување на војната (ISW) смета дека замрзнувањето на конфликтот во овој момент би било полоша опција отколку да продолжи да и помага на Украина, бидејќи на Путин ќе му даде време да се подготви за обновени воени напори и конфликт со НАТО.




