Шеќеринска контра Заев: Без решение, нема референдум

Вицепремиерката и министер за одбрана индиректно контра својот шеф премиерот Заев кој денеска зборува за референдум и убеденоста тој да успее.



Според Шеќеринска за да се размислува за референдум прво треба да има решение.

На маса нема предлог и медијаторот Метју Нимиц со право е внимателен вели вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 за која изјави дека медијаторот Нимиц се уште сака да разговара за, во случај да стави некој конкретен предлог на маса, да постојат теоретски шанси тој да биде прифатен.

– Но, има идеи на маса. Тоа се идеите кои ни ги претстави во Њујорк, тоа се идеите за кои дискутиравме на состанокот со претседателот, со опозицијата, со ДУИ. Тоа се идеи за кои дискутиравме со него и ги кажавме своите мислења – рече вицепремиерката и дополни дека македонската страна сега има поинаков пристап, нови идеи, размислувања.

А на новинарско прашања, ако утре треба да се состави прашање за референдум што ќе пишува на референдумското ливче, Шекеринска одговара неодредено но спртивно на позицијата на Заев кој очигледно размислува за референдум;

– Во изминатиов период сме внимателни со изворите, на грчка страна има повеќе извори, лесно цртање на црвени линии. Тие имаат помалку да изгубат во моментот и некој тоа го користи. Многу сме внимателни и затоа сакаме чекорите да ги правиме еден по еден. За да се размислува за референдум треба да имаме решение. Дури во таа фаза можеме да зборуваме за типот, за времето, за процедурата и следот на чекори, што ќе прави Македонија што ќе прави Грција. Целиот овој процес нема да биде тежок само до постигнувањето на договор, имплементацијата ќе биде многу тешка – рече Шекеринска.