Уапсен е 45 Р.К. годишен дилер од скопска Гази Баба кој продавал кокаин, хероин и марихуана на повеќе лица, објави полицијата.
Во претресот во неговиот стан по неколкумесечна криминалистичка истрага, пронајдена е компјутерска и гејмерска опрема во вредност од 120 илјади евра, пари кои според сомневањата на истрагата се заработени со препродажба на дрога.
Осомничениот според соопштението на МВР набавувал дрога на големо, а потоа ја препакувал во помали дози кои ги продавал од 600 денари за марухуана до 3 илјади денари за пакување кокаин.
На уапсениот му е определен притвор, а обвинителството ќе иницира финаниска истрага и доколку се утврди дека возила и компјутерската опрема се набавени со продажба на дрога ќе биде спроведена конфискација.
Осомничениот Р.К и претходно бил во затвор за дрога и издржувал 15-годишна затворска казна.






