Политички партии од владејачкото мнозинство, предизборно сигнализираат дека намера да се приклучат кон опозициската коалиција, открива лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Има сигнали, многу од партиите кои се сега во власта, кои биле во власта укажуваат сигнали да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ.
Ние направивме комисија, таква е процедурата и во периодот кој следи таа комисија ќе има состаноци со сите политички партии во Македонија“, рече денеска претседателот на најголемата опозициска партија која подолг период има и највисок рејтинг во анкетите.
За кандидат за претседател на државата, ќе се одлучува по спроведувањето на внатрепартиските анкети а ќе биде изберен тој кој има најголемата доверба од граѓаните.
Но, вели Мицкоски, секој предлог на ВМРО-ДПМНЕ ужива поголем рејтинг за разлика од тие на владејачкото мнозинство.






