Сакал да бега во Косово – фатен и петтиот од 8-те напаѓачи во М-НАВ

Вчера, на граничниот премин Блаце кон Косово фатен е Лабинот Ќерими,  еден од осомничените за упадот во контролата на летање.



Тој е дел од групата на 4 лица кој избега по инцидентот на 4 ти јануари. По него беше распишана централна потерница. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување притвор за Ќерими.

Според извори на Телма, Ќерими додека бил вработен во М-НАВ, истовремено во рок од неколку месеци печалел и во странство, па кога го фатиле сам си дал отказ во македонски навигации.

Полицијата трага по останатите тројца.