На автопатот Велес-Неготино “летал“ со 211 км на час

Казнет е возач кој на автопатот Велес-Неготино вчера возел со 211 километри на час на место со ограничена брзина до 120 километри на час, информираа  од СВР Велес.



„Полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај од СВР Велес, при вршење контрола од областа на сообраќајот, на автопат ,,Пријателство”, патен правец Велес-Неготино, меѓу изречените мерки за брзина, санкциониран е возач кој управувал патничко возило со брзина од 211 км/час, на место каде брзината е ограничена на 120 км/час“ соопштија од СВР Велес.