Косовскиот аналитичар Хидает Ахмети во одбрана на Курти и со остар напад кон Али Ахмети: Маката му е како да опстане во власта!

Од Косово доаѓа нов остар напад кон лидерот на ДУИ Али Ахмети. Во изјава дадена за влијателниот косовски весник на албански јазик „Бота сот“ политичкиот аналитичар Хидает Ахмети од Косово го нападна остро Али Ахмети во врска со неговата изјава дека косовскиот премиер се меша во внатрешните работи на Македонија. Хидает Ахмети истакнува дека Албин Курти, наводно, не се вмешал во изборите во Македонија, туку оти може да даде политички придонес, фаворизирајќи некој политички субјект. Хидает Ахмети изјави дека маката на Али Ахмети му е како да го зачува својот опстанок, своите фотелји во власта и затоа дава таква изјава за Курти.



„Бота сот“ пишува: „Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети во настапувањата на албанските телевизии го обвини премиерот на Косово Албин Курти дека се меша во внатрешните работи на * Македонија. Но, Курти не направи никакво институционално интервенирање во Македонија, туку даде, или би можел да даде свој политички придонес, фаворизирајќи некој политички субјект, кој би ги претставувал подостојно Албанците од * Македонија. Оваа негова загриженост ја поттикна споменатата негова изјава.“ – нагласи аналитичарот Хидает Ахмети.

Според него, лидерот на ДУИ изнесува тврдења, кои немаат логика. „Али Ахмети дава изјави од политичка природа, кои немаат логика во себе. Челниците на обете албански држави – Албанија и Косово – можат да го дадат својот придонес и во * Македонија, бидејќи Албанците таму институционално не се третирани рамноправно. Во врска со овој факт се знае кој владеел заеднички со македонските партии таму и е познат практичниот резултат од тоа владеење за Албанците.“ – посочува Хидает Ахмети.