Пратеникот на СДСМ Мартин Костовски кој според документи прикажани на суд имал психичко растројство најавува убедлива победа на владината коалиција на следните избори заедно со непостоечка партија.
Меѓу партиите кои Костовски ги споменува како адути за наводната победа врз основа на наводни анкети е и Либералната Партија на Македонија.
Оваа партија која доживеа дебакл на изборите во 2016 година веќе не е заведена во регистарот на политички партии што за Костовски не е проблем да ја спомене како политички фактор, пишува новинарот на емисијата Заспиј ако можеш на Алфа ТВ Горан Момироски.
Момироски се чувствува навреден што народен претставник од неговата изборна 2 е Костовски кој шири невистини.
,,Ме интересира овој пратеникот со психички проблеми зашто не ги спомнува Сојузот на комунисти, СКП-ПДП, ВМРО-Обединета на Димитар Влахов и Коминтерната кога вика дека според анкети СДСМ и ДУИ убедливо ќе победеле на следните избори.
Кога може да ја прикажува Либералната партија која судски е укината пред 5 години во психичката екстаза може да спомене и други непостоечки партии.
Разбирам јас психички проблеми да има човек ама ем да се лаже ем да воскреснува, ем да си измислува ем да се има тапија дека нешто ти фали не сме заслужиле ние гласачите од изборна единица 2 ваков виц од народен претставник.
Мартин Костовски вели дека власта до победата ќе дојде со непостоечка партија која ја згасна Ивон Величковски откако во 2016 освои 0,3 проценти од гласовите”, пишува Момироски за лагата на Костовски и притоа ги користи следните хаштази:
#МартинКостовскиСоздателот
#ШтоТиПравиПсихичкоРастројство
#ЛибералноВоскресение
#КумановскиПсихоМезалк

Засега не е познато дали користењето на непостоечка партија од страна на политичарот од СДСМ е последица на психичкото растројство на Костовски или се работи за обична лага.





