Курти не успева да го убеди Зијадин Села да го прифати придружувањето на АА кон албанската опозиција против ДУИ, а Таравари ова го прифаќа

Албин Курти, премиерот на Косово и лидер на косовската партија Ветвендосје – Самоопределување и претседателот на Косово Глаук Коњуфца не успеале да го убедат Зијадин Села, поранешниот лидер на Алијансата за Албанците и сега претседател на Собранието на оваа партија, да прифати АА да им се придружи на албанската опозициска коалиција и на Ветвендосје во создавањето еден фронт против ДУИ. Но, сегашниот лидер на АА Арбен Таравари е изгледа подготвен неговата партија да ја напушти владината коалиција со ДУИ и да настапи на иазборите заедно со опозиционерите против неа. Оваа информација ја објави ТВ Клан Македонија,.



ТВ Клан Македонија пишува: Зијадин Села, поранешниот лидер на Алијансата за Албанците и сега претседател на Собранието на оваа партија, се сретнал пред неколку дена со премиерот на Косово Албин Курти и со претседателот на Собранието на Косово Глаук Коњуфца. Средбата Села-Курти-Коњуфца дојде како идеја на средбата  минатата недела меѓу Курти и шефовите на албанските опозициски партии Билал Касами, Африм Гаши и Изет Меџити, на која учествуваше и сегашниот лидер на Алијансата за Албанците Арбен Таравари.

Во центарот на средбата на Зијадин Села со Курти и Коњуфца била можноста за проширување на опозициската коалиција Европски сојуз за промени со Алијансата за Албанците. Со оглед на тоа што Села е претседател на Собранието и основач на АА, Курти и Коњуфца дошле да го чујат и мислењето на Села, кој одбива да соработува со албанската опозиција.

Исто така и на средбата со Курти Села ги искажал своите ставови и причини зошто Алијансата за Албанците не треба да коалицира со Касами, Гаши и Меџити. Средбата завршила без конкретен резултат, бидејќи Курти и Коњуфца не успеаја да го убедат Села да ја прифати коалицијата со Европскиот сојуз за промени, за разлика од Таравари, кој изгледа е подготвен да ја прифати понудата на албанската опозиција и косовската партија Ветвендосје за здружување во еден фронт против ДУИ. 

Исто така и генералниот секретар на АА Кренар Лога потврди дека се одржала средбата меѓу Села и Курти, но не изнесе повеќе детали за нејзините резултати.