Не претседателот, туку МНР треба да побара од Грција пролонгирање на рокот за промена на документите

Од Кабинетот на шефот на државата,  реагираа на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски кој го прозва Стево Пендаровски да разговара со грчката колешка Катерина Сакеларопулу за промените на законот за личните документи.



„Преспанскиот договор е потпишан од министрите за надворешни работи, во име на владите на двете држави и размената на информации во таа смисла треба да се одвива во тие рамки.

Со оглед на тоа што Преспанскиот договор е важен и во контекст на нашите преговори со Европската Унија информирањето кон Брисел треба да се одвива и преку Секретаријатот за европски прашања“, велат од Кабинетот на Претседателот, во изјава за „Макфакс“.

Од Кабинетот додаваат дека претседателот Пендаровски е подготвен да даде свој придонес преку комуникација со претседателката на Грција.

Предлогот за пролонгирање на вадењето на личните документи прв го даде претседателот Пендаровски во телевизиско интервју на „Сител“.

Од Кабинетот на претседателот уште додаваат дека ако Владата го смета добар предлогот на претседателот, може веднаш да почне со иницијатива за негова реализација, наспроти премиерот Ковачевски кој претходно денес рече дека Владата ќе почне да постапува откако Пендаровски ќе разговара со својата колешка во Грција.