37-годишна мајка го тепала детето со тупаници и со шише пред нејзините две малолетни девојчиња, на возраст од 6 и 7 годиниго во Макрохори, Иматија, Грција.
Девојчињата кои потекнуваат од првиот брак ги алармирале бабата и дедото на несреќното дете, но когаа стигнале детето веќе било сериозно повредено и несвесно, па го пренеле во болницата во Верија.
Бебето било тешко повредено и немало пулс. И покрај натчовечките напори на лекарите, таа не преживеала, пренесе Макфакс.
Мајката е уапсена, а според информациите, жената страдала од постпартална депресија, додека порано морала да биде хоспитализирана.
„Јас не го сторив тоа, некој друг го стори“,изјавила таа при приведувањето.
Несреќното бебе го добила со вториот сопруг кој наводно ја оставил пред околу еден месец.





