Никовски: Курти безуспешно се стреми да стане лидер на сите Албанци! – Сеалбанското обединување е опасно за Македонија!

„Зошто албанските политичари во земјава не се оградат јавно и од Приштина и од Тирана и зошто не спроведуваат изворни политики од интерес за Македонија како своја матична држава, туку постојано работат на туѓи агенди, што го загрозуваат унитарниот карактер на Македонија и нејзиниот суверенитет како држава во сите облици: територијален, економско-финансиски, културен, јазичен, безбедносен?“ – се наведува во анализата на новинарката Јасминка Павловска со наслов „Се препознава ли веќе точно кој го поткопува уставниот поредок на државава?“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.



Македонија во пресметките на албанските политички лидери во регионов не е третирана како суверена држава, туку како територија за поделби

Покрја другото, натаму во анализата пишува: До кога албанското прашање во политичкиот кампус на Албанците во државава ќе се третира интегрално, односно за обединување на етничките албански малцинства во околните соседни земји со албанскиот народ во матичната држава – Албанија, а со тоа во пакет да одат и територии од соседните суверени држави и сето тоа да се толерира во меѓународната заедница?!

Има ли лидерот на ДУИ Али Ахмети двојни критериуми: му годи ли мешањето однадвор кога самиот добива поддршка да ја уценува, да ја опструира, или да ја рекомпонира Македонија и нејзините државни институции, а сега се жали на мешање однадвор кога му се загрозени позициите во власта?

Изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека косовскиот премиер Албин Курти „се меша во претседателските избори во Македонија“, предизвика низа полемики. Едни велат дека конечно некој од албанскиот кампус се осмелил да каже оти регионалните високи албански државни и политички претставници, како овој пат Курти, одвреме-навреме флагрантно се мешаат во внатрешните работи на Македонија, загрозувајќи ја по политички, безбедносно, економски… Други сметаат дека Ахмети реагира, за да се заштити себеси и ДУИ од напад на друг албански лидер однадвор, кој се обидува да се наметне како сеалбански и на тој начин да му ја загрози позицијата на Ахмети во Македонија како неприкосновен лидер, а и дел од власта.

Затоа Ахмети со својата реакција сега сака да ги активира лостовите на власта, прогласувајќи дека „Курти се меша во внатрешните работи на Македонија и оти државата поради тоа треба бескомпромисно да реагира“. На тој начин Ахмети ќе го искористи државниот репресивен инструментариум за да си ја заштити својата положба, пред сѐ!

Курти настојува да биде лидер на сите Албанци и затоа е во судир и со Еди Рама. Се обиде да навлезе политички и во Албанија, но на изборите таму доживеа пораз. Не доби мандат! Сега се обидува да навлезе и во Македонија и отворено навива за албанската опозиција против ДУИ. Најверојатно и тука нема да успее, меѓутоа може да направи проблеми во земјата. Кај нас на претстојните избори ќе биде жесток судирот меѓу албанската позиција и опозиција. Опозициската коалиција ќе направи сѐ за да ја урне сруши ДУИ и затоа смета дека косовското Самоопределување може да ѝ биде од корист. Но во целина, сеалбанското обединување е опасно и за Македонија и за Балканот.“ – анализира македонскиот дипломат Ристо Никовски.