Нешто по 18 часот вечерва тетовската полиција ја опколила болницата во овој град каде се бараат напаѓачи кои користеле огнено оружје.
Граѓани и медиуми јавуваат дека вечерва таму во вооружена пресметка се повредени две лица.
Според официјално непотврдени информации напаѓачите влегле во Одделението за итна помош каде пукале и повредиле две лица.
Во дворот на болницата се гледаат полицајци вооружени со автомати, јавува порталот Алмакос.
Едното повредено лице според неофицијални информации веќе е префрлено на скопските клиники каде лекарите се борат за неговиот живот.
МВР: Се трага по 5 лица, еден од застреланите во тетовската болница се бори за живот
EUROCONTROL го демантира Ковачевски кој лажел за МНАВ и европската организација






