Кривичен со нова одлука: Беким Незири и неговата банда во притвор ама домашен

Најчитани вести
EUROCONTROL го демантира Ковачевски кој лажел за МНАВ и европската организација

Освен мерките за претпазливост, Кривичниот суд денеска одлучувајќи по жалбата на Обвинителството, им одреди 30-дневен притвор на Беким Незири и неговата група за упадот во М-НАВ.



  • Советот ценејќи ги приложените факти и докази во жалбата на обвинителот и одговорите на жалбата од страна на одбраната, а имајќи ги и предвид наводите во решенијата од претходна постапка, донесе одлука со која: Жалбите на Јавниот обвинител делумно се прифаќаат и донесе решенија со кои на четирите лица им се опредлува мерка куќен притвор во траење од 30 дена како и дополнителни мерки на претпазливост, односно привремено одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање и Забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти или врски меѓу осомничените и со оштетениот“ велат од Кривичниот суд.

По решението сега треба да постапи, МВР, велат од Кривичниот суд, а станките имаат право на жалба по приемот на решението во рок од 24 часа пред Апелациониот суд.

  • Заради доследно информирање на јавноста и сузбивање на сите шпекулации и недоразбирања, сметаме дека е потребно да нагласиме дека според сите досега доставени  факти и податоци, конкретниот настан не се случил во контролната кула, односно просторијата од каде се врши навигацијата,  туку во просторијата која е одвоена со најмалку две безбедносни влеза пред кулата. Но, како што нагласивме во претходното соопштение, факт е дека  осомничените презеле одредени дејствија кои е потребно дополнително да се истражат за да се утврди фактичката сосотојба. Заради сето тоа, Советот донесе решенија за определување мерки со кои ќе обезбеди дополнителна гаранција за понатамошната достапност на овие четворица осомничени“, додаваат од Кривичен суд.

Претходно, адвокатот Еленко Миланов, кој е правен застапник на Беким Незири во случајот поврзан со упадот во М-НАВ, вели дека Незири, кој е еден од осомничените, не учествувал во инцидентот во Македонската навигација, дека немал апсолутно никаков придонес во случајот и дека целиот настан се случил зад неговиот грб.

За првичната одлука на Кривичниот суд може да прочитата повеќе на следниот линк:

Нов упад на насилници, овој пат вооружени, во државна институција
Полицијата ја опколила тетовската болница, во престрелка ранети две лица