Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли можноста за прекин на огнот со Русија. Тој вели дека тоа нема да доведе до суштински напредок во војната и само ќе ја фаворизира Москва со тоа што ќе и даде време да го зголеми снабдувањето на нејзината војска, како што конфликтот се приближува до втората годишнина – пренесе РСЕ.
„Пауза на украинското бојно поле нема да значи пауза во војната“, рече украинскиот лидер во главниот град на Естонија, Талин. Тој е на турнејата низ балтичките земји.

„Дајте и на Русија две до три години и таа едноставно ќе не прегази. Ние не би го презеле тој ризик… Нема да има паузи во корист на Русија… Паузата би била во полза (на Русија)…, а може нас подоцна да не скрши“, рече Зеленски.
Зеленски ги замоли сојузниците на Украина да продолжат да ја снабдуваат со оружје поради знаците на замор на донаторите во некои земји и додека Русија се свртува кон земји како Иран и Северна Кореја за муниција.





