Паника во Шведска: Не сме спремни за војна

Предупредувањето од двајца високи претставници на одбраната до Швеѓаните да се подготват за војна, предизвика загриженост и обвинувања за непотребна паника, пишува Би-Би-Си.



Шведски министер до јавноста: Подгответе се за војна

Министерот за цивилна одбрана Карл-Оскар Болин на конференцијата во неделата изјави дека „може да има војна во Шведска“. Неговата порака тогаш беше поддржана од врховниот воен командант, генерал Микаел Бајден, кој рече дека сите Швеѓани треба ментално да се подготват за таа можност.

Опозициските политичари се спротивставија на тонот на предупредувањето. Поранешната премиерка Магдалена Андерсон изјави за шведската телевизија дека иако безбедносната ситуација е сериозна, „не е како војната да е зад аголот“.

Организацијата за права на децата Брис рече дека нејзината национална телефонска линија за помош обично не прима повици за можноста за војна. Но, оваа недела забележа пораст на загрижени повици од млади луѓе кои ги виделе вестите или објавите на TikTok кои зборуваат за тоа.

„Ова беше добро подготвено, не беше нешто исфрлено“, изјави портпаролката на Бриса, Маја Дал за Би-Би-Си. „Требаше да дадат информации наменети за децата кога ќе излезат со вакви информации за возрасни.

И покрај острите пораки, забелешките на министерот за цивилна одбрана и командантот на војската се сметаат за повик за будење.

По повеќе од два века мир, Шведска е на неколку чекори од влез во НАТО.

Se чека зелено светло од турскиот парламент, а потоа и од Унгарија. Врховниот командант рече дека неговите изјави не се ништо ново.

„Не сакаме да ги загрижуваме луѓето, но…

Пред еден месец тој го посети источниот фронт на Украина, а Шведска е една од земјите што обучуваат украински пилоти. „Мојата амбиција не е да ги грижам луѓето; мојата амбиција е да натерам повеќе луѓе да размислуваат за сопствената ситуација и сопствените одговорности“, изјави генералот Бајден за весникот Афтонбладет.

Финска веќе влезе во НАТО, а руските власти се закануваат дека таа ќе биде „прва што ќе настрада“ доколку тензиите со НАТО ескалираат.

Шведскиот министер за цивилна одбрана изјави дека неговата цел не е да шири паника меѓу луѓето, туку да ги освести што всушност се случува.