Не спласнува негативното расположение против можно решение за спорот со името во кое би можело да биде вклучено и името Македонија.



На 21 јануари во Солун се одржа голем митинг на кој, според проценка на организаторите главно пан-хеленски организации од дијаспората и домашни ултрадесничарски партии, имало половина милион луѓе.

Проценките на полицијата се движеа до бројка од 90.000 учесници.

Меѓу веќе познатите и веќе слушнати и прочитани пароли и извици дека „Македонија е една и грчка“ овој пат забелжливи се постери од кои има наплив на говор на омраза и непримерни и вулгарни содржини.

„Да ја спасиме нашата Македонија од крвожедните словени“ стои напишано на постер на кој Македонија е претставена како насилник – грубијан кој граба жена, веројатно Грција, а под нив лежат избезумени деца.

Нема, барем досега, никаква реакција од од официјална Атина или од грчките политички партии за јасните провокации токму на денот кога медијаторот по „оптимистичките средби“ во Атина допатува на разговори во Скопје.

Социјалните мрежи се полни со недолични навредливи и заканувачки како оваа на која Македонија е претставен како ѕвер, а пораката до Грците кои носат нож на чија држка е грчкото знаме е „Ѝ требаш на Македонија.

реакции нема ни од меѓународната заедница која е особено „сензибилна“ по прашањето на говорот на омраза.