Вкупниот број на должници кои не платиле данок се искачи на 5.573. Од нив 1.857 се правни, или 25 повеќе од претходната листа, а 3 716 физички лица што е зголемување од 74 лица.
Управата за јавни приходи објави дека вкупниот нето долг кон државата изнесува 10,108 милијарди денари, што е повеќе за 1,054 милијарди денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9,925 милијарди денари или повеќе за 1,078 милијарди денари од претходната листа, додека долгот за царински давачки е 184 милиони денари (помалку за 23,9 милиони денари од претходната листа), пренесува МИА.
Листата се однесува на долгови доспеани до 30 септември, а неплатени до 31 декември 2023.






