Лидерот на ДУИ Али Ахмети од холандскиот амбасадор во Скопје денеска го доби најстрашниот удар од ЕУ од кога е на власт од 2002 година.
По оваа специфична порака само уште САД директно не го прозиваат Ахмети за корупцијата, партизацијата и криминалот што се прави во владата каде ДУИ има главна улога.
За искусни дипломати кои го знаат правилата за испраќање на дипломатски пораки објавата на холандскиот амбасадор е прилично радикална иако е направена во ракавици.
,,Во дипломатијата има многу средби, кои можат да бидат незгодни и/или конфликтни …., а, сето тоа да остане зад кулисите .
Но, јавните објави на ваквите средби и категоричкиот критичен речник се планиран јавен шамар од земјата на амбасадорот”, смета искусен дипломат кој ја коментира пораката на Холандската амбасада по средбата Хоп – Ахмети.
За него објавената фотографија е персонално посочување на виновникот за состојбите кои се предмет на критика!
Ова е прва јавна директна критика за лидерот на ДУИ Али Ахмети од страна на моќна земја членка на ЕУ која што може да стави вето на челнатвото на Македонија во ЕУ.
Предходно слична изјава за десет фамилии кои ја водат Македонија на криминален начин имаше и екс францускиот амбасадор Тиминие но тој не кажа дали меѓу тие фамилии е и таа на Ахмети, чиј внук доби дел од трговски центар вреден милиони евра без да плати еден денар.
Јан Коп отиде кај Али Ахмети и му кажа дека Македонија не влегува во ЕУ со ваква корупција






