Ковачки до Спасовски: Кажете им во САД дека го штитите и го создавате криминалот вие и корумпираното МВР, кое го наполнивте со лица со досиеа за дрога!

„Завршена е работата за претседателски кандидат на СДС. Нашиот народ вели – џабе. Сепак, кога веќе се среќавате со функционерите од САД, запознајте ги дека во ‘нашата’ земја корумпираното Министерство за внатрешни работи е дел од оската на заштита на криминалот, но и извор на криминалот!“изреагира преку фејсбук Драган Ковачки, пратеник во Собранието на Македонија и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во своевидна непрогласена кампања како кандидат за иден претседател на државата, објави дека ќе предводи делегација од МВР во работна посета на Вашингтон, Соединети Американски Држави во следните три дена. Како што изнесе Спасовски на фејсбук, за време на посетата, тој ќе се сретне со Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, како и со Брус Шварц, заменик помошник на Јавниот Обвинител на САД.



Во објавата на својот фејсбук-профил Ковачки му порачува на Оливер Спасовски: Кога ќе се сретнете со функционерите од САД, запознајте ги дека во “нашата” земја:

1. Пред секој циклус на избори, МВР на чие чело сте цели 8 години не е во состојба да издаде лични документи за своите граѓани. Објаснете им дали е тоа поради намера или поради неспособност.

2. Наместо да го пополните МВР со млади кадри, кои завршиле на факултетот за безбедност, го наполнивте со несоодветни лица од улица, со лица со досиеа за дрога,со  лица со документирани здравствени недостатоци, со бегалци од правдата, кои требало да лежат затвор, со лица на возраст повеќе од 45 години, кои се престарени да почнуваат нова кариера во МВР и т.н.

3. МВР е дел од оската на заштита, но и извор на криминалот. Токму корумпираноста во МВР е причина зошто тие-нашите стратегиски партнери мораат да користат Црна Листа, за да укажат колку сте криминализирани.

4. Во МВР постојат јасно разработени шеми од највисоко до најниско рамниште за шверц на наркотици и други нелегални активности. Тука не мислам на лица со партиска боја, бидејќи истата боја тие ја користат како параван за своите активности. Тука мислам на покритието и молкот од врвот на МВР кон овие дејанија.

5. Во МВР постои јасно разработена шема за рекет, во која се вмешани началници на сектори и високи полициски раководители.

Доволно е да им го кажете ова на функционерите од САД и на крај побарајте им да се сликате заедно.