Вработувањата во здравството ќе биле по заслуги – уверува министерот за здравство. Но, Фатмир Меџити како да заборави дека во скоро време токму во неговиот сектор изби скандал со чуден оглас за вработувања, каде се бараа доктори според одредена етничка припадност. Тогаш, и министерот и премиерот се правдаа – се било по закон. Се поставува прашањето, дали доколку на огласот не се пријават доктори од наведените заедници, ќе ја остават болницата без лекар?
За дефицитот од медицински кадар особено во регионалните медицински центри, Меџити ги обвините претходните менаџери закони рече дека немале никаква стратегија во изминативе дваесеттина година.
Од годинава најавува нова систематизација и реорганизација на работата во здравствениот сектор.
За обвинувањата на опозицијата пак, дека вработувал членови на семејството во својот кабинет, Меџити одби да коментира, нарекувајќи ги обвинувањата несериозни.





