Мајката на поранешната прва дама на САД Меланија Трамп, почина, објави нејзината ќерка на социјалната мрежа ‘Х’.
“Амалија Кнавес беше силна жена која секогаш се носеше со грациозност, топлина и достоинство. Беше целосно посветена на нејзиниот сопруг, ќерки, внук и зет. Ќе ни недостига и ќе продолжиме да го почитуваме и сакаме нејзиното наследство”, објави ќерката Меланија.
Амалија Кнавс беше Словенка од Севница и работела како текстилна работничка. Заедно со нејзиниот сопруг, таа ја одгледала Меланија во тој мал град во време кога Словенија била дел од Југославија.
Меланија учеше средно училиште во Љубљана, каде што почна да се занимава со манекенство.
Таа се пресели во Њујорк во 1996 година и го запознала Трамп две години подоцна.
Маланија и Доналд се венчаа во 2005 година. Подоцна и нејзините родители се преселиле во САД.






