Српски шпион, удбаш, четнички новинар. Тоа се пораките кои ги добивал косовски новинар на социјалните медиуми откако објави статија во која ја критикуваше одлуката на косовската влада да им исплати „отшета“  на роднините на Албанците осудени за вмешаност во „кумановските напади“  во мај 2015 година Македонија.



Парим Оллури, кој раководи со интернет-весникот „Инсајдери“, вели дека во последните две недели бил подложен на „злобни напади“ на социјалните медиуми, откако објави статија во која ја критикуваше косовската влада за финансиска поддршка на семејствата осудени за кумановско „Диво насење“.

Во 2015 година, вооружените етнички Албанци беа вклучени во дводневна престрелка со македонската полиција во македонскиот град Куманово, пишува „BalcanInsight“.

37 лица беа обвинети за престрелките во „Диво насеље“,  скопскиот Кривичен суд за виновни прогласи 33 лица, а четворица добија ослободителни пресуди.

Косовската влада во ноември побара да даде 219.000 евра за да ги покријат трошоците на членовите на семејството на оние кои беа осудени за вмешаност или убиени за време на нападот во мај 2015 година.

Одлуката беше донесена откако Кривичниот суд во Скопје на 2 ноември додели доживотна казна на седум од 37-те обвинети за етнички Албанци обвинети за вмешаност во дводневната престрелка. Повеќето од останатите добија долги затворски казни.

Повеќето од учесниците во случајот потекнуваат од Косово и се поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), бунтовнички сили што започнаа војна со српските сили, а потоа владееле со Косово на крајот од 1990-тите.

Оллури рече дека чинот н владата испрати погрешна порака.

„Државата Косово не може да ги третира како херои поединци кои учествуваа во неразјаснет конфликт во друга земја“, рече Оллури за БИРН.

Но, критичарите реагираа луто. На социјалните медиуми беше споделувана фотографија на Оллури со српско знаме и српски симболи, и беше нарекуван шпион на Србија, Удбаш…

„Не знаев дека сте шпион“, е една од многуте непријателски пораки што ги добил Олкури.

Тој вели дека на социјалните мрежи се повикува на негово убиство „четнички новинар и српски шпион“.

Оллури бил нападнат во август минатата година и се сомнева дека нападот бил поврзан со неговите статии…