Напладне блокада пред Собрание против Законот за игри на среќа

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина (АПИС) денеска во 12 часот ќе одржат протест пред Собранието во траење од еден час.



„Поводот е закажаната седница на Комисијата за европски прашања каде на дневен ред е второ читање на Предлогот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Предлог законот, согласно Заклучокот од првото читање на седницата одржана на 27.12.2023 г., беше изгласан за прифатлив, со што истиот денеска се наоѓа на натамошно, односно второ разгледување, што е на чекор пред конечно донесување на пленарна седница во Парламентот.

Ова води до целосно згаснување на една легална стопанска гранка и оставање на улица повеќе од 10.000 вработени“, се наведува во заедничкото соопштениет на двете асоцијации.