“Ова е исклучително чувствително прашање за граѓаните на Македонија, тие го следат со вниимание и загриженост, некои со гнев. Ние како влада сакаме да го решиме ова прашање на начин што и овде и во Грција ќе се смета за достоинствен. Имам целосно разбирање за грчките граѓани кои себе се идентификуваат како Македонци, но во Европа во 21 век не само Грците туку и било кој друг не може да го допре нашето право да бидеме Македонци кои зборувааат македонски јазик кој припаѓа на групата словенски јазици. Важно е да се однесуваме вниамтелно во јавноста, колку повеќе зборуваме за црвени линии во јавноста толку има помалку простор за разговор и се намалува шансата за наоѓање решение прифатливо за луѓето до двете страни на границата. Ако има достоинствен начин кој ќе ги почитува идентитетите на двете страни, низ овој процес ова ќе се оствари. Можно е и да не се најде во овој процес, наше е да пробаме да го најдеме. Разговаравме за идеите на Нимиц, многу детално и многу сериозно. Има таму идеи кои не се така лоши и идеи кои не се така добри, кај нас има загриженост. Врз основа на тоа што Нимиц го доби во Грција и ќе го добие во Скопје ќе видиме како ќе тече процесот понатаму”, изјави Димитров на прес коференцијата со медијаторот Нимиц пред малку во Скопје.





