Kоалиција Европски сојуз за промена во чиј состав се БЕСА, Алтернатива и Демократското движење, го започна бојкотот на работата на Собранието со неучеството на денешната редовна координација кај спикерот Талат Џафери.
Како што изјави за МИА координаторката на пратеничката група Сафије Садики Шаини, тие ќе продолжат и со други правни мерки да ја бојкотираат работата на Собранието, доколку не биде изгласан нивниот кандидат за член на Државната изборна комисија – Абдуш Демири.
Доколку местото во ДИК остане непополнето, потенцира таа, ќе бидеме принудени да користимие други мерки, како што вели, блокирање на избирачките места во Тетово и Чаир.
„Постојат многу правни средства со кои можеме да го бојкотираме Собранието. Ако дојде до таа точка ДИК да остане непополнета, односно без наш член, тогаш сме принудени да го заштитиме гласот на нашите граѓани, а тоа може да не принуди да користиме други методи, како на пример блокирање избирачки места во Тетово и Чаир, истакна Садики Шаини за МИА.






