Бранителот на таткото на убиената Вања Ѓорчевска, бара куќен притвор за неговиот клиент, кој е меѓу осомничените за кого Обвинителството соопшти дека споделувал информации со извршителите на убиството за движењето на неговата ќерка.
Според адвокатот Владимир Туфегџиќ, не е оправдана ниту една мерка за Александар Ѓорчевски, таткото на Вања.
„Иако истакнавме посебен предлог за замена на мерката притвор во мерка куќен притвор, свесен сум дека постапката околу укинувањето на притворот ќе трае.
Иако кон осомничениот не е оправдана ниту една мерка, сепак со мерката куќен притвор ќе се задржи кохезијата на семејството кое е длабоко погодено со оваа трагедија“, изјави Туфегџиќ.
Според адвокатот, со надлежниот Јавен обвинител е доставена ургенција за постапување…
Таткото на Вања се наоѓа во притвор во Скопје, додека Обвинителството ја води истрагата за убиството на неговата 14-годишна ќерка.






