Легалната миграција во Европската унија ќе мора да се зголемува за 1 милион луѓе годишно за да се надоместат загубите во стареењето на работната сила во блокот, изјави шефицата за внатрешни работи на ЕУ, Илва Јохансон, пренесе Ројтерс.
„Легалната миграција функционира многу добро, но тоа не е доволно“, рече таа во говорот за време на посетата на Атина, додавајќи дека работната сила на ЕУ се намалува за 1 милион луѓе годишно.
„Тоа значи дека легалната миграција треба да расте повеќе или помалку за еден милион годишно“, рече таа, додавајќи дека тоа треба да се направи „на регулиран начин“.
Јохансон, исто така, ги повика земјите да ја спречат илегалната миграција која носи стотици илјади мигранти во Европа секоја година од Африка, Блискиот Исток и други места, често по смртоносни патишта.
Нерегуларните пристигнувања на мигранти во ЕУ многу се намалуваат од пикот кој достигна повеќе од 1 милион во 2015 година , но постојано се искачуваат од најниското ниво во 2020 година на повеќе од 260.000 минатата година, при што најмногу премини ималона Медитеранот од Африка, преку Италија, Грција, Шпанија, Кипар и Малта.
ЕУ минатата година се согласи за правилата за порамномерно споделување на трошоците за сместување мигранти и да се ограничи бројот на луѓе кои доаѓаат користејќи ги шверцерските мрежи.





