Директорска просечна месечна бруто плата во М-НАВ во 2022 година била 6.100 евра месечно. А во однос на 2021 година е зголемена за 50%! Машала, пишува порталот Фактор во својата анализа.
,,М-НАВ во 2022 година од прелети, терминални услуги (слетувања, полетувања н.з.) и останати услуги наплатила повеќе од 21 милиони евра”, пишува Фактор во својата анализа.
Најголем дел од директорите во оваа институција освен од СДСМ се од ДУИ што е причината зошто вчера од оваа партија најавија дека ќе има дебата за најавата на премиерот за смена на цело раководство во МНАВ.
ДУИ не ги дава директорите на МНАВ, ќе биде ли понижена СДСМ на утрешната владина седница






