Инспектор утврдил кршење на закон, онвинителството и судот цели 25 дена не гледаат ,,марихуана криминал” вреден 15 милиони евра.
Вчера expres.mk објави дека од фабрика за марихуана во струмичкиот регион исчезнале 2 тони цвет од марихуана.
Според информацијата од добро упатени извори во судот во Струмица во магацините каде се чувале вкупно 8 тони марихуана сега нема речиси два тони медицинска марихуана која на пазарот на големо вреди најмалку 6 милиони евра.
Според записникот од кој се гледа дека во фабриката недостасува огромна количина марихуана инспектор на МВР утврдил прекршување на законот при чување на дрогата што е доволна причина за итна реакција на обвинителството и судот но реакција заега нема.
Судот и обвинителството најверојатно под политички притисок на моќни луѓе од Струмица одбиваат да направат обезбедување на докази и да поднесат кривична пријава иако е јасно кој можел да ја украде марихуаната вредна милиони.
Ако марихуаната е продадена на ситно за крајно корисници уживатели на оваа тревка цената на исчезнатата стока е над 15 милиони евра.
Во меѓувреме групата која најверојатно незаконски тргувала со марихуаната а која е дел од една фракција на владеачка партија се обидува да издејствува палење на марихуаната за да се уништат доказите за криминалот вреден милиони евра.
Сите детали во овој текст






