Укината забраната за движење на тешки товарни возила на Стража

Утринава од 5:30 часот укината е забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Крак-Маврово-Дебар информираа од „Македонија пат“.



Претходно, како што информираат од „Македонија пат“, од еден часот по полноќ е укината и забраната на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево.

Забраната за движење на тешки товарни возила, на овие патни правци, беше воведена синоќа поради обилни врнежи од снег.