СДСМ може да го надгласа ДУИ во владата за МНАВ но може да ја загуби соработката за претседателски и парламентарни избори

На утрешната владина седница СДСМ може да го надгласа ДУИ во владата за смена на раководството на МНАВ кое е доминантно од ДУИ но може да ја загуби поддршката на Мала Речица за претседателските и парламентарните избори.



Извори во СДСМ вечерва тврдат дека Ковачевски и министрите од СДСМ не се повлекуваат од одлуката објавена во четвртокот за смена во МНАВ но дека работите се многу комплицирани затоа што се случуваат во моменти кога се преговара за заедничка коалиција за парламентарните избори и заеднички кандидат за претседател.

Во моментов СДСД е тој што моли за оваа коалиција и смена на директорите од ДУИ во МНАВ може да ја прекине соработката меѓу двете партии аанзлизираат луѓе од Бихаќка кои не знаат како ќе се надмине спорот.

Ним им е јасно дека ако сега СДСМ се повлече од смената на кадрите на ДУИ во МНАВ ќе има огромни негативни последици за партијата на изборите.

Како Ковачевски би се повлекол од конкретната најава за разрешување на целото раководство и на членовите на Управниот одбор на М-НАВ на утрешната седницата на Владата е нејасно затоа што со тоа ќе докаже дека тој навистина не може да донесе самостојна одлука во владата што ја води и со тоа дополнително да го урниса угледот на СДСМ.

Ковачевски има доволно гласови од своите министри да ги надгласа петтемина министри од редовите на ДУИ но тоа може да значи криза во владата каде

Предходно одговорност за инцидентот побара и лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари но не е јасно дали неговите министри би тргнале протов ДУИ или против СДСМ.

ДУИ не ги дава директорите на МНАВ, ќе биде ли понижена СДСМ на утрешната владина седница