Пациенти, во болниците без ножеви и пиштоли, порачува Синдикатот на здравствени работници

Ножевите и пиштолите оставете ги дома кога одите да барате лекарска помош. Независниот синдикат на здравствени работници, експресно и остро реагира откако во ГОБ „8-ми Септември“ пациент со нож повреди работник. Белите мантили бараат поголема одговорност од Директорите на болниците, преку засилување на физичкото и мониторинг обезбедување, со цел да ја зголемат безбедноста на здравствените работници за време на работата во болниците.



Здравствените работници велат дека системот е нефункционален и државата да покаже поголема сериознсот ако сака функционални институции. Се огласи и директорот на ГОБ 8 Септември доктор Христијан Костов. Според него, станува збор за пациент со ментално растројство што не е предвидливо. Причините за сега се непознати.

Инаку, синоќа во Градската општа болница „8 Септември“ 77 годишен пациент со нож напдна и прободе 36 годишен медицински техничкар. Напаѓачот буквално дивеел во болницата. Сличен инцидент беше пријавен и во септември лани, кога млад пациент во градската болница „Св. Наум Охридски“ се обидел физички да нападне лекар кој бил на работното место, а оштетил едно работо биро и компјутер.