Во израелски напад врз јужен Либан во понеделникот беше убиен висок командант на елитните сили на Хезболах Радван, изјавија три безбедносни извори за Ројтерс.
Безбедносните извори го идентификуваа убиениот како Висам ал Тавил, заменик-шеф на единицата во силите Радван. Според нив, тој и уште еден борец на Хезболах биле убиени кога нивниот автомобил бил погоден во напад на либанското село Мајдал Селм.
„Ова е многу болен удар“, изјави еден од безбедносните извори. Друг рече: „Сега работите ќе се разгорат“…
Во израелското бомбардирање на Јужен Либан загинаа повеќе од 130 борци на Хезболах по почетокот на израелската „интервенција“ во Газа. Други 19 беа убиени во Сирија.
Генералниот секретар на Хезболах, Саид Хасан Насрала, го предупреди Израел во две телевизиски обраќања минатата недела да не започнува целосна војна против Либан.
„Кој мисли на војна со нас – со еден збор кажано, ќе зажали“, рече Насрала.





