Грчки анархисти најавуваат „крв“ на митингот во недела

„На 4 февруари може да се пролее крв“ предупреди грчката анархистичка група „Рубикон“ во пресрет на митингот закажан во недела во центарот на Атина за „одбрана“ на името Македонија, соопшти грчкиот портал „News.gr“.



На социјалните мрежи тие се закануваат дека митингот немало да мине без „загуби“и дека нема да бидат заплашени од „фашисти“.

Минатата недела, како што пренесе „Експрес.мк“, имаше судир на ултра-левичарски анархисти со членови на екстрено-дсничарската „Златна зора“ на Крит при што имаше и тешко повредени.

Андонис Георгидијадис, заменик-претседател на опозициската Неа демократија, на „Твитер“ напиша дека заканата на анархистите била со цел да се заплашат луѓето да не излегуваат на митингот, пренесуваат балкански медиуми.