Митровски: Цела Македонија знае дека судот има двојни аршини

 

„Основна задача на судија на претходна постапка е да утврди минимум основано сомнение. Иако судот формално е во право, тоа не е причината за одбивањето на предлогот за притвор, затоа што во тој случај не треба никакви мерки да се определат“ вели адвокатот Јанаки Митровски во реакција за Кривичниот суд кој не опредечи мерка притвор за напаѓачите во М-НАВ.



Адвокатот вели дека цела Македонија знае дека судот има двојни аршини, едни кога се работи за обични граѓани, други кога се работи за политички и економски моќни…

„Не држи вода образложението на судот, ако е така немало да има ниту мерка претпазливост“, вели адвокатот Јанаки Митровски за Канал 5, а својата изјава ја пренесе и на социјалната мрежа фејсбук.