Сопственичка на компании кои продаваат храна на Министерството за одбрана на Украина, Тетјана Глињана, стана сопственичка на четири хотели во Сплит, објави украинскиот портал NV Biznes.



Според податоците од јавните регистри, во Хрватска може да се утврди дека Глињана во есента 2023 година станала корисник на компаниите Zen Adria d.o.o., Pigment d.o.o. и Мимоза д.о.о. Глињана во 2016 година ја основа и компанијата Nazarii d.o.o., чиј сопственик извесно време беше нејзината ќерка Ирина Кут. Седиштето на компанијата „Назарии“ е во Брела, на адресата која најверојатно е хрватската резиденција на Тетјана Глињана, објави Индекс.хр

Овие компании ги поседуваат во Сплит хотелите Мирари (18 соби, ресторан и базен на покривот), Ора (24 соби, ресторан и конгресен центар за 50 лица), Лукс (30 соби, ресторан, СПА центар и конференциска сала за 8 лица) и хотел Posh (6 соби, базен на покривот, спа).

Според информациите објавени на веб-страниците на агенциите за недвижности во Сплит, хотелите на слични локации со 18 или повеќе соби чинат од 2,5 до 3 милиони евра.

Со други зборови, за купување на четири хотели во центарот на Сплит биле потребни повеќе од 10 милиони евра, пишува порталот НВ Бизнис.