Судијата Пајазит Пајазити кој нењ им одреди притвор на напаѓачите напаѓачите за упадот во М-НАВ може да биде избран за судија судија во Апелационен суд.



Месецов треба да заврши изборот на судии во апелационите судови, а за место во Апелационен суд Скопје, се борат двајца кандидати – претседателот на скопскиот Кривичен суд Јосиф Џолев и – Пајазит Пајазити.

Неговиот избор се очекува да биде потврден месецов дознава од извори во правосудството Вечер.мк

Извори во правосудството за Вечер.мк наведуваат дека нема дилема за неговиот избор по упадот во М-НАВ и дека постојат реални можности истиот да биде реализиран пред крајот на јануари 2024 година.

Пајазит Пајазити е судијата на претходна постапка кој не одреди притвор за групата која упадна во М-НАВ предводена од Беким Незири, пишува Телма ТВ.

Тој е заменик-претседател на Кривичниот суд, а во времето кога Груевски беше во бегство беше судија за санкции кој ја носеше одлуката за издржување на казната затвор. Судскиот совет одлучи тогаш дека нема пропуст кај судијата Пајазити кој му даде покана за затвор на Груевски.

Пајазити бил дежурен во судот цела недела согласно распоредот во Кривичниот суд.