Каква музика се пее и на кои звуци се игра во дискотека во сабота навечер, на половина пат помеѓу грчките градови Лерин и Кајлари?
Профилот Егејска Македонија на Х поранешен Твитер преку видео открива дека за разлика од Скопје каде ретко може да се чуе македонска музика во кафеаните и дискотеките во овој регион доминира македонски ритам и стихови кои ги пеат сите присутни.
Видеото е од дискотека во селото Ајтос, Леринско а пената која се пее е ,,Нека удрат тапаните”.
Ајтос е познато како селото кое што му пресудило на својот соселанец Митре Гинков кој во 1904 за 150 лири го предал војводата Александар Турунџев.
За своето предавство Гинков подоцна е ликвидиран од Македонците во ова село.
Во Егејска Македонија има стотина села со доминантно македонско население кое преку разни видови на приватни јавни собири негува македонска музика, култура и традиции.
Македонските власти засега со ништо не ги помагаат овие луѓе Македонци во Грција.
Колку е цврста врската на овие Македонци со матичната земја Македонија покажува и тоа што во грчките села и градови покрај македонските народни песни кои се пеат со векови новите генерации пеат и песни кои се стари само неколку години а се продуцирани во Република Македонија.
Диско во сабота вечер, на пола пат помеѓу Лерин и Кајлари.
Не е како во Скопје, со македонска музика е.🚩 Ајтос, леринско
🔊 Нека удрат тапаните – Македонико Мераки❤️ егејска Македонија pic.twitter.com/LwiQzQnhcy
— Egejska Makedonija (@egejskamkd) January 7, 2024
Оригиналната песна од видеото ја пее Јордан Митев






