Кривичниот суд да не се брука со паушални оценки за безбедноста на македонското небо бара екс заменичка министерка од СДСМ за правда Тања Алтанџиева.
Екс заменичката министерка за правда од 2004 до 2006 подоцна член на ДИК која се повлече сама во 2013 година а беше против Преспанскиот договор и други одлуки на оваа влада на СДСМ смета дека судот не треба да има дилема дали е сторено делото туку треба да ги преиспита мерките кон осомничените.
,,Кривичниот суд да не се брука со соопштенија во кои објаснува како не била загрозена безбедноста во авиосообраќајот.
Да не требаше авиони да се судрат или не дај Боже жртви да има, па да биде исполнето битието на кривичното дело”, прашува Алтанџиева.
За неа самиот факт што се поминати 3 безбедносни бариери од страна на неовластени лица и ,,кошкањето во кабината ” е доволен повод и причина ЗА ЗАГРОЗУВАЊЕ на безбедноста над македонското небо.
,,Делото е сторено, мерките преиспитајте си ги”, порачува Алтанџиева.
Претседател на Кривичниот суд во втор мандат е судијата Иван Џолев.





