Откако ,,ја реши” дипломатијата Османи кој со години е политичар отиде да работи како хирург

Откако ,,ја реши” дипломатијата шефот на дипломатијата Османи за празникот отиде на работи како хирург.



Османи испраќа убава порака која ако не е министер кој се обидува направи политичка пропаганда би поминала позитивно кај сите граѓани но познавајќи ги неговите политички цели малкумина веруваат дека тој тоа го прави од човечки причини.

Посебен проблем е како Османи прави абдоменални операции на дежурство за Бадник кога тој со години е надвор од професијата.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи синоќа бил на работа, поточно на дежурство во Клиничкиот центар каде што е вработен како лекар.

Тој вели дека ова е традиција, да дојдат на дежурство лекарите кои не ги слават овие големи христијански празници, со цел да можат неговите колеги од православна вероисповест да бидат со нивните најблиски за време на божикните празници. Вели дека тоа е во духот на соживотот и меѓусебното почитување.
„Традицијата продолжува!
Секој православен верски празник, им се приклучувам на многуте мои колеги кои денес не слават, а кои доброволно се јавуваат за дежурство за да се овозможи колегите кои слават да бидат со нивните најблиски. Соживот и меѓусебно почитување! Честит Бадник и Божиќ“, напиша на фејсбук министерот и лекар Бујар Османи.